Thursday, December 1, 2016

Најпознати пливачи во светот

Најпознати пливачи во светот


Знаеме дека постојат најпознати пливачи во светот. Јас ќе ви покажам некои од нив. Во прододолжение некои од нив. Уживајте!🏊🙂😋

  • Јан Џејмс Торп , кој го носи прекарот Торпедо или Торпи, е австралиски пливач кој е специјалист во слободен стил, но се натпреварува и во грбен и мешан стил. Тој има освоено пет златни олимписки медали, најмногу од кој било Австралиец и со три златни и два сребрени медали, беше најуспешен спортист на Олимписките игри во 2000 година. На Светското првенство во 2001 година, тој беше првиот кој освои шест златни медали на едно светско првенство. Торп има освоено вкупно единаесет златни медали од светските првенства - само втор пливач на планетата кој има освоено толку медали. Торп е првиот кој беше избран четири пати за Пливач на годината според Swimming World и беше пливач број еден во Австралија од 1999 г. до 2003 г. Со неговите достигнувања стана најпопуларен пливач во Австралија и беше избран за Најмлад Австралиец на годината во 2000 година


  • Мајкл Фелпс (англискиMichael Phelps; р. 30 јуни 1985) — американски пливач и најуспешен олимпиец на сите времиња со 28 медали. Фелпс исто така го држи и рекордот за најмногу златни олимписки медали (23), најмногу златни медали во поединечните дисциплини (13), и најмногу олимписки медали во поединечни машки дисциплини (14). Со освојувањето на осум златни медали на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг, Фелпс го соборил рекордот на освоени медали на едни олимписки игри. Пет од тие медали биле во поединечна конкуренција. На Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Фелпс освоил 4 златни и 2 сребрени медали, со што станал најуспешен спортист на игрите. Тоа биле трети летни олимписки игри по ред, на кои Фелпс бил најуспешен спортист.
    Фелпс е светски рекордер на долг курс во дисциплините 100 метри делфин, 200 метри делфин и 400 метри мешано, како и поранешен светски рекордер на 200 метри краул и 200 метри мешано. Тој освоил вкупно 71 медал на големите меѓународни натпревари на долг курс, 57 златни, 11 сребрени, и три бронзени медали. Меѓународните титули и постигнатите светски рекорди на Фелпс му овозможиле да биде избран за светски пливач на годината, шест пати и американски пливач на годината дури осум пати. Со неговиот неверојатен Олимписки успех во 2008 тој ја освоил наградата на магазинот Sports Illustrated за најдобар спортист на годината.
    По Летните олимписки игри 2008, Фелпс ја основал својата „Фондација Мајкл Фелпс“, која се фокусира на зголемување на пливањето и промоција на здрави навики. Тој очекува да работи со својата фондација и по Летните олимписки игри 2012, за кои тој рече дека ќе му бидат последни.

Friday, November 25, 2016

Европско првенсто

Европско првенсто

  • Во продолжение едно видео за да видите како се одржувани натпреварите по пливање во 2016 година.
🏊🏊🏊


Какви натпревари по пливање постојат?

Какви натпревари по пливање постојат?

 Според начинот(типот на пливање) постојат различни натпревари во кои можат да учествуваат луѓе со различна возраст. Почнувајќи од децата со најмала возраст и завршувајќи со возрасни лица кои се натпреваруваат во различни техники пливање.😋

Кажавме дека постојат неколку типа на пливање. Тоа се: грбно, краул, градно, делфин.

Во типот на пливање краул:
Овој стил е најслободен тип на пливање. Најважно е дека натпреварувачот треба да работи со двете раце и со двете нозе. Може да биде дисквалифицуван само ако :
1.Натпреварувачот тргне пред да засвири сирената
2.И ако натпреварувачот не го допре ѕидот

Дисциплини:
50 метри
100 метри
200 метри
400метри
800 метри
1500метри

Во типот на пливање градно:
Овој стил не учествува на многу натпревари. Најважно е дека треба да работиме со нозете и со рацето во круг (нешто слично како жаба😉)

Дисциплини:
50 метри
100 метри
200 метри

Во типот на пливање грбно:
Овој стил учествува на натпевари. Најважно е дека треба да работиме со градниот дел испакнат над водата и да се работи со нозете во вода.
Може да биде дисквалифицуван само ако судијата примети дека има повеќе од еден пат свртено на стомак.

Дисциплини:
50 метри
100 метри
200 метри

Во типот на пливање делфин:
Овој стил е еден од најубавите и еден од најтешките стилови на пливање. Овој стил често учествува на натпревари. За овој стил е важно дека треба повремено излегување од вода и работење со рацете.

Дисциплини:
50 метри
100 мери
200 метри









Што е пливање?

ПЛИВАЊЕ

Пливањето е вид спорт којшто вклучува натпреварување помеѓу учесници, во тркање преку дадена далечина под самостојно придвижување нанапред. Пливањето исто така овозможува и голем развиток на телото. Постојат неколку видови на пливање. Во продолжение опис за нив.

Типови пливање:

Граден стил
Градно пливање

Градниот стил е најтешкиот во пливањето. Иако рекреативците и гледачите на пливањето можеби ќе си помислат дека тоа е пеперутката, секој пливач ќе ви потврди дека тоа е градното.

Се плива на следниот начин : По стартот/скокот во базенот, телото испливува на површината на базенот со помош на рацете и нозете кои се движат слично како и на жабата, полукружно. Горниот дел од телото се поткрева, рацете се збираат, дланките се носат во положба до градите, а за тоа време нозете ја туркаат водата наназад, па се спојуваат кај стапалата. Откако ќе се спојат кај стапалата, рацетесе придвижуваат нанапред и се прават благи полукружни странични движења, при што се` почнува одново. 
За цел ваков период е дозволено само едно излегување на површина со главата, т.е. земање на воздух. Додека се плива, видот е позициониран надолу.
За разлика од краулот и грбниот стил, во градното не се прави ротација, натпреварувачот допира со двете раце до ѕидот при што се оттурнува наназад и продолжува со пливањето.
Овој стил е најтежок и најнапорен за пливање, бидејќи телото споро се движи, а напорот кој се вложува е преголем. 
ВАЖНО: Градниот стил не се препорачува за луѓе со проблеми со рбетот. Консултација со лекар би била пожелна.


Грбен стил 


Грбно пливање

Грбниот стил е единствениот стил кој се плива без скок во базенот. Наместо тоа, натпреварувачите стартуваат внатре во базенот, свиткани во клопче го чекаат знакот на сирената за старт, при што се одбиваат од плочките и започнуваат со пливање. Се плива на скоро истиот начин како краулот, само што телото е свртено на грб. Рацете се движат во принцип на ветерница. Едната рака поминува во водата паралелно со телото за да се избегнат можни турбуленции кои доведуваат до неправилна траекторија и движење на телото а со тоа нормално и успорување на натпреварувачот. Додека едната рака поминува во водата, другата рака е надвор од водата и се спрема за завеслај. Раката излегува од водата со палецот, при што кога се спрема за да влезе во водата, дланката се врти и влегува од страната на малиот прст. 

Нормално, за да знае натпреварувачот кога стигнал до другиот крај на базенот, над базенот има таканаречени истегнати жици налепени со реклами најчесто од спонозорот кај последните 5 метра од базенот, при што пливачот знае дека е време да се сврти на грб, да ротира и да ја продолжи трката.
ВАЖНО: Откако пливачот ќе се заврти на стомак, дозволен е само еден завеслај на раката па следува ротација. Сите други завеслаи(ако ги види судијата нормално) се казнувани со дисквалификација.


Слободен стил, краул


Краул пливање


Слободниот стил е најлесен за пливање а воедно и најбрзиот. Интересен е фактот што Џони Вајсмилер го усовршил краулот како пливачка дисциплина. Се плива на следниот начин: Додека се плива, главата е цело време во вода и се гледа надоле. Воздух се зема со секој 3 завеслај на рацете. Десна рака-главата налево и обратно, лева рака-главата надесно. За сето ова време, нозете постојано работат во стил на ножички. Ако се работи за спринт, завеслаите и ударите со нозете се поситни и побрзи, а за подолга трка или маратон подолги и подолготрајни. Овој стил не е верифициран од проста причина што не е важно во трката кои стилови ќе се употрбат, може да се плива како што му одговара на пливачот, важно е барем само со едната рака да допре до ѕидот, или па ако прави ротација(за која ќе објаснам подоцна) да се одбие со помош на нозете. Што значи дека дисквалификација од трка е можна ако :


1.Натпреварувачот стартува пред сирената да го означи стартот;
2.Aко натпреварувачот не го допре ѕидот.


Пеперутка, делфин 


Делфин(пеперутка) пливање
Според мене, а и многумина најубавиот стил во пливањето. Вистинска уметност што изобилува со грациозни движења. Кога гледате некој како правилно плива пеперутка, ви се чини дека телото е направено од гума.

Овој стил се нарекува и пеперутка и делфин, бидејќи рацете се движат во стилот на пеперутката, а нозете како перката кај делфинот.

По скокот, телото се враќа на површината со помош на нозете кои се движат како перката кај водните животни а рацете се испружени напред. Завеслаите на рацете се исти како кај краулот, само што дланките се накривуваат надесно. На секој завеслај со рацете, со нозете се прават два удари. Нозете се цело време споени. Обично воздух се зема на секој завеслај со рацете, при што горниот дел од телото се подига, но се практикува на третиот завеслај на рацете телото главата да остане во вода, се` со цел телото да не се подига и да се избегнат болки во рбетот, бидејќи е ова тешка дисциплина. 
Ротацијата е иста како кај градниот стил, со двете раце се допира ѕидот и телото се оттурнува за да се продолжи со пливање.