Какви натпревари по пливање постојат?
Според начинот(типот на пливање) постојат различни натпревари во кои можат да учествуваат луѓе со различна возраст. Почнувајќи од децата со најмала возраст и завршувајќи со возрасни лица кои се натпреваруваат во различни техники пливање.😋
Кажавме дека постојат неколку типа на пливање. Тоа се: грбно, краул, градно, делфин.
Во типот на пливање краул:
Овој стил е најслободен тип на пливање. Најважно е дека натпреварувачот треба да работи со двете раце и со двете нозе. Може да биде дисквалифицуван само ако :
1.Натпреварувачот тргне пред да засвири сирената
2.И ако натпреварувачот не го допре ѕидот
Дисциплини:
50 метри
100 метри
200 метри
400метри
800 метри
1500метри
Во типот на пливање градно:
Овој стил не учествува на многу натпревари. Најважно е дека треба да работиме со нозете и со рацето во круг (нешто слично како жаба😉)
Дисциплини:
50 метри
100 метри
200 метри
Во типот на пливање грбно:
Овој стил учествува на натпевари. Најважно е дека треба да работиме со градниот дел испакнат над водата и да се работи со нозете во вода.
Може да биде дисквалифицуван само ако судијата примети дека има повеќе од еден пат свртено на стомак.
Дисциплини:
50 метри
100 метри
200 метри
Во типот на пливање делфин:
Овој стил е еден од најубавите и еден од најтешките стилови на пливање. Овој стил често учествува на натпревари. За овој стил е важно дека треба повремено излегување од вода и работење со рацете.
Дисциплини:
50 метри
100 мери
200 метри