Thursday, December 1, 2016

Најпознати пливачи во светот

Најпознати пливачи во светот


Знаеме дека постојат најпознати пливачи во светот. Јас ќе ви покажам некои од нив. Во прододолжение некои од нив. Уживајте!🏊🙂😋

  • Јан Џејмс Торп , кој го носи прекарот Торпедо или Торпи, е австралиски пливач кој е специјалист во слободен стил, но се натпреварува и во грбен и мешан стил. Тој има освоено пет златни олимписки медали, најмногу од кој било Австралиец и со три златни и два сребрени медали, беше најуспешен спортист на Олимписките игри во 2000 година. На Светското првенство во 2001 година, тој беше првиот кој освои шест златни медали на едно светско првенство. Торп има освоено вкупно единаесет златни медали од светските првенства - само втор пливач на планетата кој има освоено толку медали. Торп е првиот кој беше избран четири пати за Пливач на годината според Swimming World и беше пливач број еден во Австралија од 1999 г. до 2003 г. Со неговите достигнувања стана најпопуларен пливач во Австралија и беше избран за Најмлад Австралиец на годината во 2000 година


  • Мајкл Фелпс (англискиMichael Phelps; р. 30 јуни 1985) — американски пливач и најуспешен олимпиец на сите времиња со 28 медали. Фелпс исто така го држи и рекордот за најмногу златни олимписки медали (23), најмногу златни медали во поединечните дисциплини (13), и најмногу олимписки медали во поединечни машки дисциплини (14). Со освојувањето на осум златни медали на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг, Фелпс го соборил рекордот на освоени медали на едни олимписки игри. Пет од тие медали биле во поединечна конкуренција. На Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Фелпс освоил 4 златни и 2 сребрени медали, со што станал најуспешен спортист на игрите. Тоа биле трети летни олимписки игри по ред, на кои Фелпс бил најуспешен спортист.
    Фелпс е светски рекордер на долг курс во дисциплините 100 метри делфин, 200 метри делфин и 400 метри мешано, како и поранешен светски рекордер на 200 метри краул и 200 метри мешано. Тој освоил вкупно 71 медал на големите меѓународни натпревари на долг курс, 57 златни, 11 сребрени, и три бронзени медали. Меѓународните титули и постигнатите светски рекорди на Фелпс му овозможиле да биде избран за светски пливач на годината, шест пати и американски пливач на годината дури осум пати. Со неговиот неверојатен Олимписки успех во 2008 тој ја освоил наградата на магазинот Sports Illustrated за најдобар спортист на годината.
    По Летните олимписки игри 2008, Фелпс ја основал својата „Фондација Мајкл Фелпс“, која се фокусира на зголемување на пливањето и промоција на здрави навики. Тој очекува да работи со својата фондација и по Летните олимписки игри 2012, за кои тој рече дека ќе му бидат последни.